Веб–списание од национален карактер

нова ЛОЗА

Шчо напраифме и шчо требит да напраиме за однапред

Ајватово
Селскиот буквар
Селскиот буквар

Ајватово

(Ајватово - Солунско) Егејска Македонија

Савата15 август 2026 г.

Ајватово, или по 31.08.1926 година преименувано во Лити, е село во Солунската околија и се наоѓа во Лагадинското Поле, односно десетина километри западно од главниот пат што води од Солун до Цер и само дванаесет километри од центарот на градот Солун.

Името е слично со името на скопското село Ајватовци, а во многу патеписи може да го сретнеме и како Ајвати, како што, всушност, го нарекувало и околното население.

Поради самата близина до Солун, селото било под постојани напади на грчката пропаганда, па во 1913 година, по неколку борби и меѓусебни преземања, на крајот сепак потпаѓа под грчка власт. Новото име, Лити, го добива по истоимената античка област во Мигдонија, која постоела уште во времето на Филип II Македонски.

Токму од ова село е родум Андон Димитров Филахтечев, или попознат само како Андон Димитров, кој претставува еден од шестмината основачи на МРО во Солун во 1893 година.

И денес во селото живеат исклучиво Македонци, кои егзистираат од земјоделство, а културите што ги одгледуваат се претежно жито и тутун.