Веб–списание од национален карактер

нова ЛОЗА

Шчо напраифме и шчо требит да напраиме за однапред

МисијаЗошто нова ЛОЗА
„Шчо напраифме и шчо требит да напраиме за однапред?“

прашање што уште во 1903 година го постави визионерот Крсте Петков Мисирков. Повеќе од еден век подоцна, тоа прашање сѐ уште одекнува со иста сила и актуелност.

Лозарите, односно Младата македонска книжевна дружина преку списанието „Лоза“ го изразија својот стремеж за сопствен јазик, сопствени училишта и пред сѐ за сопствена држава. Денес, по повеќе од 100 години променет е само датумот, а потребата за национален концепт, како и негова имплементација останува иста.

„Нова ЛОЗА“ претставува современо продолжување на таа идеја, преточена во „Македонскиот глас (голос)“. Тоа е списание од национален интерес, поделено во неколку рубрики во кои е сместен македонскиот крик.