Селото Абланица се наоѓа помеѓу долините на реката Места од југозапад и нејзината лева притока Бистрица од исток, формирајќи ја нејзината природна граница, денешна Република Бугарија.
Низ старите османлиски регистри од 15 век, селото Абланица се среќава и под имињата Апланш, Абланис и Аблани, а истото важи за едно од најстарите населени места долж реката Места, во областа Чеч.
За минатото на селото сведочат неколкуте археолошки локалитети според кои селото Абланица се наоѓало во близина на централниот пат кој водел до Атина, па токму затоа на самите локалитети се пронајдени предмети од најразлични култури, што само по себе го покажува фактот дека тој пат служел за најразлична трговија на народи и култури од пошироките области.
Денес Абланица брои околу 3000 жители кои покрај со земјоделство, работат и во фабриката за чевли и облека. Додека во одреден историски миг или поточно до 1944 година, главниот егзистенцијален извор претставувало лозарството по кое ова село било доста прочуено.
