Повеќе од 15 години успешно гради театарска кариера, оставајќи впечатливи улоги на сцената и освојувајќи ја публиката со својата посветеност. Разговараме за театарот, филмот и животната улога.
1. Која е твоја прва професионална улога со која ја започнуваш кариерата, а која е улогата која ти има оставено најсилен впечаток?
- Мојата прва професионална улога е како дел од хорот во претставата Вечната Куќа на Дејан Пројовски, а улогата која ми има оставено најголем впечаток е Нино од Ничија Земја.
2. Од скоро бележиш одлични успеси и со стен ап настапите, а воедно поставуваш нови стандарди во Македонија со твоето инфлуенсерство, ако тоа така може да се нарече. Па во однос на тоа дали би можел да направиш спореда на односот а публиката во театар и публиката која те следи на социјалните мрежи?
- Би рекол дека нема голема разлика, само мислам дека луѓето кои ме гледаат во театар и луѓето кои ме следат на социјални мрежи различно ме доживуваат. Во театар немам толку прилика да играм комедија и да ги насмеам луѓето додека на социјалните мрежи тоа ми е главната цел. :)
3. Зад себе имаш и неколку улоги во филм, накратко опиши ја разликата помеѓу филмот и креирањео содржина за социјални медиуми.
- Па би рекол дека нема разлика во начинот на креирање затоа што и на едното и на другото треба да се посветиш максимлано. Мислам дека разликата е во тоа што процесот за социјалните мрежи трае пократко од оној од филмот.
4. Учествувааш и во снимањето на серијалот „Македонија“. Но светлото на денот од истиот го виде само делот со песната „Налеј, налеј“, посветен на Гемиџиите. Што се случи со истиот, зошто не се заврши проектот и зошто се забрани истиот?
- Тоа е еден од многуте проекти кои неславно завршиле затоа што политиката се вмешала во него и секако некој сакал да земе поголем дел од колачо*:) Никогаш не ни се објасни целата ситуација. Но мислам дека најголем проблем беше тоа што во овој проект се зборуваше за Македонската историја и тоа кои сме ние, а тоа на некој не му одговараше, се разбира затоа што во тој перидод актуелна тема беше промената на нашето државано име.
5. Направи кратка споредба на филмската индустрија кај нас и кај нашите блиски соседи.
- Едноставно нашите соседи многу повеќе вложуваат во филмската индустрија за разлика од нас. Додека кај нас се гледа што повеќе пари да се стават во џеб.
6. Која е твојата омлена реплика од рап мјузиклот „Црнила“?
- ,,Ее драги младичу во некоја друга историја во нашава саде предавници ако ме служи меморија…башка Иванов ти зборува за Македонија а таа е мртва во срцата па во твојата историја…”. Има уште многу што би ги издвоил но оваа некако највеќе ме погодува…кога и да ја слушнам.
7. Кој е твојот став за преработката на стари Македонски драми во еден ваков формат?
- Искрено многу ми се допаѓа и сметам дека треба да имаме уште вакви проекти…затоа што на тој начин е полесно да им ги доближиме драмските текстови на малдите.
8. За што најмногу жалиш, а со што си особено горд во професионалнаа кариера?
- Нема нешто за што посебно жалам во мојата кариера…можеби повеќе ми е криво што до сега не ги изграв улогите што сакав…но тоа сепак не зависи од мене. Особено сум горд што никогаш не се променив за да им се допаднам на режисерите, како многу мои колеги.
9. Што би им препорачаш на нашите читатели?
- Да останат доследни на себе секогаш, и никогаш да не се сомневаат во нивните способности.
