Веб–списание од национален карактер

нова ЛОЗА

Шчо напраифме и шчо требит да напраиме за однапред

Млада Македонска Книжевна Дружина
Македонски голос (глас)
Македонски голос (глас)

Млада Македонска Книжевна Дружина

Кои се ,,Лозарите”?

Никола Ристевски1 август 2026 г.

Лозарите успеале да го артикулираат барањето за културна и национална посебност, претставувајќи мост помеѓу генерациите од Разловечкото и Кресненското востание со генерациите од Илинденското востание. Кон крајот на 19 век, Македонија била економски исцрпена од османлиската власт и распарчена од странските пропаганди – бугарската, српската и грчката. Овие пропаганди ги третирале Македонците исклучиво како дел од нивниот национален корпус. Токму во оваа сложена средина, во Софија, каде што студирале многу млади Македонци, се појавува отпор во вид на ММКД. Членовите, меѓу кои биле идните основоположници на ВМРО, како Даме Груев, Петар Поп Арсов и Иван Хаџи Николов, биле силно решени да се спротивстават на асимилаторските влијанија и да ја докажат самостојноста на македонскиот национален субјект.

Списанието „Лоза“, замислено како месечно издание, станало главната алатка за ширење на идеите на дружината. Лозарите прават најсериозен обид дотогаш за промовирање на македонскиот јазик, потпирајќи се на говорот од централните поднебја. Ова претставувало отворен пркос на тогашниот официјален бугарски јазик. Преку програмски написи, како „Неколку белешки“, тие јасно укажуваат на различната историска судбина, култура и етнографски карактеристики на Македонците. Со тоа, тие го отфрлаат тврдењето дека Македонија е само географски поим. Иако внимателно артикулирано поради цензурата, основната политичка цел била автономна Македонија, што во тој контекст значело самостојна македонска држава, ослободена од соседните претензии. Овој јазичен идентитетски подвиг е суштината на лозарското движење и е директен претходник на капиталното дело на Крсте Петков Мисирков, „За македонцките работи“.

ЛОЗА – месечно списание, орган на Младата Mакедонска Kнижовна Дружина, изразител на македонскиот национален сепаратизам.