Веб–списание од национален карактер

нова ЛОЗА

Шчо напраифме и шчо требит да напраиме за однапред

Би сакале да ја носите нашата кожа
Македонски голос (глас)
Македонски голос (глас)

Би сакале да ја носите нашата кожа

Ива Дивковиќ1 август 2026 г.
О, би сакале да а носите нашата кожа.
Колку би сакале да платите?
А колку би прифатиле ние?
Сѐ помалку и помалку.
Земете ja без пари!
Престанете да прашувате.
Да не одерите живи, би било надоброто решение.
Ама, кога веке е без пари,
Можеби и не.
Да ви дадеме се,
Само да не оставите на мир.
Но, на крајот.
На наше заедничко вчудовидување,
Сите ние дадовме,
За да ги гледаме нашите кожи,
Изложени во врежот на бескрајна поставка,
Од туѓ род.
Нашите духови гледаат, со ужас,
Голи и огорчени.
На крајот, сите ние дадовме,
Боите,
Ткаенината на нашето колено,
Маката на нашите предци,
За да не парадираат со нашите кожи ловците.
Опишани со туѓи зборови,
Милувани со туѓи раце.
Не ни треба повеќе да си ја носиме кожата,
Оти веќе сме навикнати,
Како понижен народ, голи.